lukket
🕗 åbningstider
Mandag | - | |||||
Tirsdag | - | |||||
Onsdag | - | |||||
Torsdag | - | |||||
Fredag | - | |||||
Lørdag | lukket | |||||
Søndag | lukket |
ул. Македонија бр. 5 1000, Skopje 1000, Macedonia (FYROM)
kontakter telefon: +389 2 321 8130
internet side: sud.mk
Større kort og retningerLatitude: 41.994242, Longitude: 21.4313616
Moobooto M'gare
::Од донесувањето на Законот за РСС во 1992 година, па се до денес функционирале три состави на Републичкиот судски совет. Првиот состав е избран на 26.01.1994 година со мандат од 6 години, до 03.02.2000 година. Членови на тој состав се: Тихомир Велковски (претседател од 04.02.1994 до 04.02.1997 година), Мугбил Бејзат (претседател од 04.02.1997 до 03.02.2000 година), Вера Терзиева Тројачанец, д-р Осман кадриу, д-р Љупчо Арнаудовски, Василије Ристовски, Никола Крстески и Рафил Черепналкоски. Вториот состав на Републичкиот судски совет е избран на 03.02.2000 година. Членови на вториот состав се Рафаил Черепналкоски (претседател од 07.02.2000 до 02.02.2001 година). Јордан Дескоски (претседател од 02.02.2001 до 23.09.2003 година), д-р Кирил Чавдар, Благородна Дулиќ, Махмут Јусуфи, Мустафа Дардхишта, Стојанче Рибарев и Томислав Стојановски. Третиот состав на Советот е избран на 23.09.2003 година. За членови на Советот избрани се Ленче Софрониевска (претседател од 22.10.2003 година), Абдулселам Канзоски, м-р Југослав Миленковиќ, Мустафа Дардхишта, Ангел Солев, Симеон Никодиновски и Ментор Ќоку. Советот е надлежен: да ги избира и разрешува судиите; да ги избира и разрешува претседателите на судовите; да утврдува престанок на судиската функција; да избира и разрешува судии поротници; да ја следи и оценува работата на судиите; да одлучува за дисциплинска одговорност на судиите; да утврдува нестручно и несовесно вршење на судиската функција; да утврдува престанок на судиска функција поради трајна неспособност за работа на судија; да одлучува за одземање на имунитет на судија; да одлучува по барање за одобрување на притвор на судија; да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите; да го разгледува годишниот извештај на Врховниот суд на Република Македонија за утврдените начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење на обезбедување на единство во примена на законите; да одлучува за времено отстранување на судија од вршење на судиска функција; да го утврдува бројот на потребните судиски места по судови; да ги разгледува и оценува тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите и истите јавно да ги објави на својата веб страница; да постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите; да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството; да поднесува годишен извештај за работата; да донесе деловник и други општи акти со кои ги уредува работите од својата надлежност; да утврдува ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно и да врши и други работи утврдени со закон.